Аврамопулос: Само косовските пасоши ќе бидат признаени

Комесарот на ЕУ за миграција и внатрешни прашања Димитрис Аврамопулос изјави денеска во Приштина дека по донесувањето на препораките за визната либерализација за граѓаните на Косово, ќе бидат признаени само косовските пасоши.

На прашањето што ќе се случи со граѓаните на кои пасошот им е издаден од Србија, односно Коордиционата управа, и на оние на кои до сега им беше потребна виза, тој одговори :

Да бидам јасен. Само косовските пасоши се признаени.

На прашањето дали сега тие граѓани треба да земаат косовски пасоши или Србија треба да им издаде „нормални“ пасоши, тој повтори дека кога станува збор за системот на патување без визи, ќе се признаваат само косовските пасоши, и дека за се останато треба да се праша косовскиот премиер.