Аврамоски: Пратениците од СДСМ јавно признаа дека се против новите работни места!

Сакам да Ви се заблагодарам за оваа изјава. За изјавата дека СДСМ е против ТИР Зоните и сакам народот да го слушне тоа, да знае дека сте против, но и да знае дека сте против сите оние кои се веќе вработени и оние кои ќе се вработуваат таму. Многу е важно ова што го кажавте на говорница, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Момчило Аврамоски и реплицираше на пратеничката од редовите на СДСМ Лидија Димова.

Имено, на денешната дискусија во Собранието на Република Македонија во расправата за Предлог закон за слободните здравствени зони, пратениците дебатираат за потребата од формирање на ваков тип на зони.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Аврамоски во својата реплика исто така се осврна и на тоа дека пратеничката од СДСМ Димова целосно ја промашила темата, не знаела за кој закон точно говорела, но и дека свесно манипулирала.

Колешке, комплет залутавте. Прво за кој закон зборувавте? Споменувате држави кои немаат врска со Европа, споменувате криминал со органи. Срамота е ова ! Срамота е народот да слуша ваков муабет ! Според вас, од кого ќе добијат тие бубрег, од пазар ќе го земат? Па срамота е што зборувате !, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Аврамоски.

На крајот, Аврамоски потенцираше уште една нелогичност и небулоза во врска со дејствувањето на пратениците од СДСМ во врска со овој предлог закон.  За таа цел, Аврамоски повторно ги запраша пратениците од СДСМ, дали доколку овој предлог закон, како што велат тие е лош, зошто тогаш пратениците од СДСМ поднесуваат голем број на амандмани?

А за што поднесовте амандмани за овој закон ако не го поддржувате? 23 амандмани поднесовте! Но зошто поднесовте, кога вие велите дека не го поддржувате!?, заврши пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Момчило Аврамоски.