АВРМ: Нарачана канонада од напади со цел нарушување на угледот на институцијата

Агенцијата за вработување на Република Македонија последниве денови се соочува со оркестрирани и смислени напади од неколку портали и медиуми со крајна цел нарушување на угледот на институцијата.  Во контекст на отворен однос со јавноста Агенцијата за вработување отсекогаш градела позитивен односи со медиумите и новинарите при што постојано сме биле достапни за нивниот предмет на интерес.

Во изминатите неколку дена иако Агенцијата даваше конкретни појаснувања во однос на Ревизорскиот извештај објавен од страна на Државниот завод за ревизија секој наш одговор беше дополнително искористуван за погрешно толкување, изменување на фактите и пласирање спинувани информации со намера да се наметне погрешно мислење во јавноста.

Агенцијата за вработување важи за институција која постигнува признати резултати во својата работа  и ја соочинуваат професионалци кои одговорно и посветено ги иавршуваат своите работни задачи.  Како таква од 2007 година успешно ги спроведува Оперативните планови на активни програми и мерки за вработување кои резултираат со повеќе од 40.000 вработувања. Само во 2016 реализираме 27 активни мерки за вработување.

Агенцијата за вработување прерасна во институција која е целосно отворена за граѓаните и компааните, вложува во капацитетите на своите вработени и во условите во кои се даваат услуги на невработените лица.  Нашите резултати се очигледни бележат во посредувањето на вработувањето и бројот на новоотворени работни места спроведувајќи ги политиките за вработување на Владата на Република Македонија

Нарачаната канонада на напади која се спроведува во овој период и сосем извесно е дека ќе има судска разрешница нема да не поколеба и понатака да излегуваме во пресрет на потребите на невработените лица и работодавачите. Вработените и менаџментот ќе продолжат со посветена работа која ќе го зголемува угледот на нашата институција.