среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 32

АВРМ: Нема злоупотреби, возилата се отстапени согласно Договорот потпишан лани

За користење и управување со овие возила на Агенцијата, директорот издал и соодветни овластувања, се наведува во соопштението од Агенцијата.

avrm

Поврзани вести

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) попладнево соопшти дека во октомври 2015 година склучила Договор со Министерството за труд и социјална политика согласно кој му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен возила кои се донација од ЕУ.

„За користење и управување со овие возила на Агенцијата, директорот издал и соодветни овластувања. Во надлежни институции постои документација од која јасно може да се констатира дека не станува збор за каква било злоупотреба од страна на Агенцијата. Сите преземени дејства од страна на Агенцијата за вработување се поткрепени со соодветни докази и документација и не постои никаква злоупотреба на нејзиниот имот и средства“, наведува АВРМ.

Најчитани вести