петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

АВРМ со нови методи за намалување на невработеноста

Спроведени се четири различни активни мерки во центрите за вработување во Битола, Куманово, Тетово и во Скопје. За секоја мерка се одвоени по 10.000 евра од Европската унија.

АВРМ со нови методи за намалување на невработеноста

АВРМ со нови методи за намалување на невработеноста

Последни вести

Агенцијата за вработување на Македонија со експерти од Германија и Литванија спроведува нови методи за намалување на невработеноста. Политиките за пазарот на труд се прилагодуваат од централно на регионално и на локално ниво според потребите на работодавачите. Целта е да се произведат кадри кои по образованието нема долго да бидат невработени.

Активностите се дел од двегодишниот твининг проект за поддршка на АВРМ, чија реализација беше заокружена со конференција за постигнатите резултати. Спроведени се четири различни активни мерки во центрите за вработување во Битола, Куманово, Тетово и во Скопје. За секоја мерка се одвоени по 10.000 евра од Европската унија.

– Првиот дел на примена на мерките даде резултати и не охрабрува во наредниот период да почнеме да размислуваме на локално и регионално ниво, така да ги планираме и мерките коишто така ќе бидат многу поуспешни. Ќе ги таргетираме луѓето кои живеат во  тие региони и ќе им дадеме можност да дојдат побргу до средства, да ги применат и побргу да станат успешни на пазарот, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Во пресрет на уписите во средните училишта Поповски потенцира дека е важно на идните учесници на пазарот на труд да им се укаже  како да изберат соодветна струка, вештина и работно место, со што, потенцира, кратко време ќе бидат невработени. Струките коишто се бараат на германскиот пазар се дефицитарни и на македонскиот пазар, мехатроничари, бравари, заварувачи, градежни  работниции…  Со краткорочни обуки ќе се обидеме првично да го ублажиме ударот но сепак долготрочно треба да се размислува преку системот на образование, рече Поповски.

Германската амбасадорка Кристина Алтхаузер  посочи дека посветеноста на пазарот на труд е многу важен предизвик за секоја држава. – Мора да имаме посеопфатна слика за системот на квалификување  на невработените и евентулано подобрување на нивните вештини. Затоа беше важно што твининг  проектот соработуваше со Меѓународната органзиација на труд за унапредување на системот за профилирање, рече Алтхаузер.

Во тек на твининг проектот во Битола се спроведе пилот мерка „Со информатичка обука до вработување“, во Скопје „Моќта на дизајнот и занаетот“, во Тетово „Обука за занимања што недостасуваат на пазарот на труд“, а во Куманово „Здобивање со професионални вештини“. Се работеше и на консолидирање на електронскиот систем на АВРМ во делот на  подготовка на извештаи и начинот на известување кон ЕУ.

Советникот за твининг проектот Аксел Бургер најави дека поддршката за Агенцијата за вработување за спроведување мерки за пазарот на труд ќе продолжи утре три месеци. Во тој период ќе се организира информативен за детлано претставување на мерките.

Најчитани вести