АВРМ продолжува, денеска Саем за вработување во Неготино

Во Неготино денес ќе продолжи караванот на Саеми за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Како што соопштуваат од Агенцијата, на саемот што ќе се одржи во ОУ „Страшо Пинџур”, ќе се претстават 50 компании.

Целта на саемот е да се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, како и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенција за вработување Влатко Поповски, а свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички.