АВРМ со нови мерки за вработување

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска ќе ги промовира новите огласи активните мерки за вработување.

Повиците се однесуваат на самовработување со кредитирање, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места и кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади до 29 години.