Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци

Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци. За ова информираше премиерот Тони Абот, кој исто така најави дека земјата ќе се приклучи кон воздушните напади врз Исламска држава.

Абот на прес конференцијата нагласи дека оваа одлука „е од голем национален интерес за Австралија“, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Нема да има стабилност и нема да има крај на прогонувањата и страдањата на Средниот Исток додека смротносниот култ на ИД не биде деградиран и целосно уништен, рече Абот.

Во однос на одлуката со која Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци, изминатите две ноќи илјадници се придружија на бдеењето со свеќи низ Австралија барајќи од владата во Австралија да го зголеми приемот на бегалци.

Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци
Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци

Исто така, хуманитарните организации во земјата побараа да се зголеми лимитот за прием на бегалци на 30.000 лица годишно.

Во моментов Австралија годишно прифаќа нешто помалку од 14.000 бегалци. Одлуката дека Австралија ќе прими 12.000 сириски бегалци е најголемиот број лица што досега биле прифатени.

Во неделата, Абот изјави дека Австралија ќе прими поголем број сириски државјани, но нема да го зголеми лимитот на азиланти на годишно ниво.