Австралија брка бод против Данска која пет натпревари е без примен гол

Данска среќно победи против Перу во првото коло од групата „Ц“ и запиша важни три поени, иако, како што често се случува во фудбалот, не секогаш победува подобриот тим на теренот.

Данците денеска против Австралија ја има првата меч топка за пласман во осминафиналето, но тоа нема да биде лесно, бидејќи Австралија против Франција покажа дека може да биде многу непријатен тим.

Данска во овој дуел влегува како фаворит, но расположението е нарушено поради повредата на Квист, кој доби скршеница на ребрата и наверојатно за него Светското првенство заврши. Селектор на Данска Аге Хареиде е оптимист пред натпреварот.

Го победивме Перу благодарение главно на Каспер Шмајхел, кој беше на неверојатно високо ниво. Тоа беше наш петти без примен голх, што сепак, значи нешто. Австралија покажа квалитет против Франција, ние сме свесни за улогата на фаворит и ќе сториме сé што е во наша моќ за да го постигнеме саканиот резултат, изјави Хареиде.

Данска е во низа од 16 натпревари без пораз, а во моментов само Шпанија (21) и Белгија (20) се подобри.

Австралија, пак, мора да освои барем бод за да остане во игра за вториот круг, а и покрај поразот против Франција, Австралијците добија самодоверба бидејќи сфатија дека можат да се справат со еден од фаворитите за титулата.
Селекторот Берт ван Марвијк нема да менува ништво во однос на мечот против Франција.

Натпреварот почува во 14 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.