Спорт

Австралија го освои Купот на Азија

Австралија го освои Купот на Азија

Репрезентацијата на Австралија е освојувач на Азискиот фудбалски куп, на кој всушност беше и домаќин.

Тие утринава во финалето ја совладаа репрезентацијата на Јужна Кореја со 2:1, и тоа по одиграни две продолженија.

“Домаќините” поведоа во 45-та минута со голот на Луонго, додека Јужна Кореја израмни буквално пред крајот на натпреварот, во 92-та минута преку Сон. Сепак во 105-та минута, Џејмс Троиси постигна погодок вреден шампионска титула и стана херој на својата репрезентација.

Интересно е да се напомене дека овие две селекции се сретнаа и во групната фаза од ова натпреварување, а победник беше Јужна Кореја која славеше со 1:0.


South Korea 1 – 2 Australia All Goals and Full… by ViralDailyTV