Австралија: Изгореа 12 куќи, а две лица се водат за исчезнати

Во Австралија и натаму беснеат шумските пожари. Најтешко е на југот на земјата, близу градот Аделаид, каде е прогласен и највисок степен на опасност, пренесе МИА.

Околу 40.000 жители на тоа подрачје повикани се да ги напуштат своите домови. Во пожарот изгореа 12 куќи, а уште околу 20 се во опасност. Две лице се сметаат за исчезнати, а 22 пожарникари се полесно повредени.

Властите истакнуваат дека тоа е најголем пожар од 1983 година, кога смртно страдаа повеќе од 70 лица во Јужна Австралија и Викторија, а во февруари 2009 година загинаа 173 лица во Викторија и уништени беа повеќе од 2000 куќи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.