Австралија ќе обезбеди анти Зика кондоми за нивните олимпијци во Бразил

За да се заштити австралискиот олимписки тим од потенцијалната изложеност на вирусот Зика фармацевтската компанија Старфарма најави дека ќе обезбеди анти-зика кондоми за Олимпијадата во Рио годинава, пренесува „Раша Тудеј“.

Страфарма е возбудена што ќе одигра улога во поддршката на автралиските спортисти додека се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио, вели извршниот директор на компанијата Џеки Ферли.

Освен тоа што овие кондоми ќе содржат посебен слој за заштита, и лубрикантот на кондомот ќе содржи гел со антивирусно дејство, што е развиен за да убива поголем број инфекции што се пренесуваат по сексуален пат, како ХИВ, ХСВ и ХПВ.

Иако вирусот Зика се поврзува со комарците, кон крајот на март, Центарот за контрола и превенција од болести предупреди дека кај мажите на кои што им е дијагностициран вирусот треба да чекаат најмалку шест месеци пред да имаат незаштитен секс, затоа што вирусот останува активен во семената течност.