Австралија објави водич за заштита од терористички напади

Австралиските власти објавија во неделата водиш за спречување терористички напади со возила јавни простори по таквите напад изведувани ланската и оваа година во нападите во Барселона, Лондон, Берлин и Ница.

Владата на Австралија порачала извештај за мерките на претпазливост кои треба да се преземат по нападот со камион во југоисточниот француски град Ница, кога на 14 јули 2016 година загинаа 86 луѓе.

„Како што видовме во трагичните настани во Барселона, Лондон, Париз и Берлин, на терористите цел им се посетените места“, изјави австралискиот премиер Малколм Турбул во писменото соопштение.

Водичот е наменет за организаторите на масовните настани и за локалните власти. И дава совети за процена на чувствителноста на поедини пунктови, вклучително и за напади со автомобили врз минувачи, како и подобрување на заштитата.

Меѓу споменатите мерки се набројуваат поставувањето препреки, камери, стебла, статуи, како и присуство на персонал оспособен за итна реакција.

„Може да се поставуваат бетонски коцки, клупи, уметнички дела, скалила, жардинери. Сето тоа може да биде многу дискретно“, изјавил австралискиот премиерот за новинарите.

Во последниот напад со возило врз минувачи, во четвртокот во Барселона и во близината, загинаа 14 луѓе.