Австралија Опен: Енди Мареј е првиот финалист во машка конкуренција, Шарапова и Серена ќе се борат за титулата кај жените

Енди Мареј е првиот финалист во машка конкуренција на Австралија Опен, откако во полуфиналето успеа да го совлада чешкиот тенисер Томаш Бердих.

Иако Бердих го освои првиот сет со 7:6 (8:6), сепак Мареј ги доби следните три и тоа со 6:0, 6:3 и 7:5.

Тој во финалето ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка.

Кај жените пак, втората светска тенисерка Марија Шарапова се пласираше во финалето на Австралија Опен, откако во полуфиналната пресметка ја совлада сонародничката Екатерина Макарова убедливо со 2:0 (6:3,6:2).

За титулата Марија Шарапова ќе се бори со Серена Вилијамс која се пласираше во финалето откако славеше против младата Медисон Кис со 2:0 (7:6, 6:2).