Австралија Опен: Федерер го совлада Сепи, победи остварија и останатите носители

Рожер Федерер продолжува со настапите на Австралија Опен, откако синоќа славеше против Италијанецот Симоне Болели во четири сета.

Вториот светски рекет победи со 3:1 (3:6, 6:3, 6:2, 6:2) и во следното коло повторно ќе игра против италијански тенисер, овојпат против Андреа Сепи.

Сепи, со идентичен резултат како и Федерер, славеше против Французинот Жереми Шарди со 3:1 (7:5, 3:6, 6:2, 6:1).

Што се однесува до останатите натпревари, фаворитите немаа некои поголеми проблеми, па така пласман во следната рунда изборија и Бердих, Димитров, Андерсон, Гаске, Мареј, Троицки…