Спорт

Австралија Опен: Новак и Серена “газат” на турнирот

Австралија Опен:  Новак и Серена  “газат” на турнирот

Не само според првото место на АТП листата, туку и според досега прикажаното на турнирот, Новак Ѓоковиќ е прв фаворит за освојување на првиот Гренд Слем годинава, Австралија Опен.

Србинот експресно се пласираше во третото коло, откако на рускиот тенисер Андреј Кузњецов му дозволи само 5 гема во вкупно три сета, победувајќи го со 3:0 (6:0, 6:1, 6:4).

Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра против Шпанецот Фернандо Вердаско, кој славеше во дуелот со јапонскиот тенисер Го Соеда со 3:0 (6:3, 6:2, 7:6).

Далеку потешко од Ѓоковиќ, бранителот на титулата Вавринка го совлада Романецот Мариуш Копил со 3:0 (7:6, 7:6, 6:3) по околу 140 минути игра.

Швајцарскиот тенисер во следната рунда ќе игра против Јарко Ниеминен, кој во три сета го елиминираше Германецот Михаел Бахингер.

Пласман понатаму обезбедија и Џон Иснер, Фелицијано Лопез, Кеи Нишикори, Гиљермо Гарсија-Лопез, Жил Милер, Давид Ферер, Жил Симон…

Кај жените пак, Викторија Азаренка со победата против Каролин Вознијацки од 2:0 (6:4, 6:2), потврди дека се враќа во својата препознатлива форма.

Од фаворитките на синоќешните натпревари пласман во следната рунда обезбедија и Агњешка Радванска, Венус и Серена Вилијамс, Петра Квитова, Алис Корнет итн…