Австралија Опен: Познати две полуфинални двојки – Бердих ќе игра против Мареј, Макарова против Шарапова

Томаш Бердих со феноменална игра успеа да победи против третиот носител на Австралија Опен, Рафаел Надал и да се пласира во полуфиналето на турнирот.

Чехот славеше со 3:0 (6:2, 6:0, 7:6), а во полуфиналето ќе игра против Енди Мареј, кој успеа да го елиминира домашниот тенисер Ник Кириос. Мареј победи со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3) и се покажа како преголем залак за 19-годишниот потенцијал.

Кај жените пак ќе гледаме руско полуфинале, откако Екатерина Макарова и Марија Шарапова во четвртфиналето славеа против Симона Халеп, односно Еуген Букард.

Макарова убедливо славеше против третата носителка Халеп со 2:0 (6:4, 6:0), а убедлива победа забележа и Шарапова која беше подобра од Букард со 2:0 (6:3, 6:2).