Австралија Опен: Серена ја победи Маша и стигна до својата 6-та титула на АО

Првата носителка Серена Вилијамс е освојувач на Австралија Опен, откако во големото финале ја совлада Русинката Марија Шарапова.

Серена славеше со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 7:6(7:5), и ја освои својата 6-та титула на отвореното тениско првенство во Мелбурн, односно 19-та во нејзината богата кариера.

Ова беше и 17-та победа за Серена во 19-от меч против руската тенисерка.