Австралија Опен: Вавринка си закажа дуел со Нишикори, победи забележаа и сестрите Вилијамс

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка со многу мака успеа да победи против Гилермо Гарсија-Лопез и да мине во следната рунда на Австралија Опен.

Бранителот на титулата во Мелбурн победи со 3:1 (7:6, 6:4, 4:6, 7:6) и во четвртфиналето ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори, кој во дерби мечот на вечерта го совлада Давид Ферер со 3:0 (6:3, 6:3, 6:3).

Победа забележаа и Милош Раониќ и Новак Ѓоковиќ, откако славеа во мечевите против Фелицијано Лопез, односно Жил Милер.

Раониќ против Шпанецот славеше со 3:2 (6:4, 4:6, 6:3, 6:7, 6:3), додека Ѓоковиќ го победи Милер со 3:0 (6:4, 7:5, 7:5). Токму овие двајца меѓусебе ќе играат во четвртфиналето.

На женскиот дел од турнирот нови победи забележаа сестрите Серена и Венус Вилијамс, кои славеа против Мугунуза, односно Агњешка Радванска.

Успешни во синоќешните натпревари беа и Кис против Бренгл како и Чибулкова против Азаренка.