Австралија претпоследен учесник на мундијалот

Фудбалската репрезентација на Австралија се избори за пласман на Светското првенство коешто ќе се одигра од 14-ти јуни до 15-ти јули следната 2018 година во Русија, откако во реваншот од дополнителните квалификации игран во Сиднек го победи Хондурас со 3:1, по 0:0 од првиот меч.

Јунак на натпреварот беше австралискиот ветеран со хрватско потеколку 33-годишниот Миле Јединак кој ги постигна сите три гола за домашните.

По претпазливото прво полувреме, Австралија среќно поведе во 54 минута, откако топката по изведен слободен удар зафати одбранбен играч на Хондурас и го измами голманот. Јединак беше стреле на уште два гола, и тоа двата од пенал во 72 и 85 минута, додека во последните моменти од средбата за гостите погоди Алберто Елиас.

Австралија пред Хондурас, во азискиот плејоф ја еломинираше селекцијата на Сирија, а во ждребот да Светското првенство ќе биде во четвртата квалитативна група. Австралијците по четврти пот последователно се квалификуваа за мундијалот, а ова е вкупно петто нивно учество по 1974 година во Германија.

Последниот учесник ќе биде познат ноќта кон четвртокот кога Перу го пречекува Нов Зеланд, а првиот дуел заврши без голови.