Австралија се вклучи во коалицијата против Исламската држава

Австралискиот премиер, Тони Абот денеска изјави дека и неговата држава се придружува во меѓународната колација против Исламската држава во Ирак и Сирија.

„Владата денеска ги одобри Воздушните напади во Ирак на барање на ирачката влада и со нејзина поддршка“, рече Абот.

Премиерот на Австралија во септември испрати 600 војници во Обединетите Арапски Емирати во првата етапа од учеството во коалицијата која ја предводи САД.

Досега австралиската воздушна помош се состоела од испорака на оружје на властите во Багдад.

Абот додаде дека припадниците на специјалните единици ќе бидат распоредени на теренот за мисијата за помош и давање на совети на ирачката војска..

Турскиот праламент, пак, синоќа донесе одлука со која на владата и се даваат дополнителни овластувања за воени операции во Ирај и Сирија и им дозволи на странските борци да ја користат турската територија за операции против Исламската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.