Австралија со санкции против Русија

Австралиските власти најавија дека ќе воведат финансиски санкции, како и забрана за патување на пратеници и други функционери од Русија, кои се директно одговорни за анексија на Крим, пренесе „АФП“.

„Јас не ја прифаќам одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го анектира Крим, кој е дел од територијата на Украина“, рекла министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп.