Свет

Австралија: Спречени 230 екстремисти да отпатуваат во Ирак и Сирија

Австралија: Спречени 230 екстремисти да отпатуваат во Ирак и Сирија

Австралиските безбедносни служби овој месец спречија 230 сомнителни екстремисти да отпатуваат од аеродроми во Австралија на бојните полиња во Ирак и во Сирија, пренесува МИА.

Меѓу уапсените има и најмалку тројца тинејџери.

Откако во август контратерористичките единици се распоредија на осум австралиски аеродорми, биле проверени 86.000 патници.

Досега меѓу сто и 250 Австралијанци им се придружија на сунитските милитанти во Ирак и во Сирија.