Австралија: Уапсен човек кој финансирал џихадисти

Полицијата во Австралија уапсила едно лице под сомнение дека финансирал американски џихадист да замине да се бори бво Сирија.

Дваесет и тригодишното момче ќе биде под истрага за обвиненија за финансирање терористичка организација. Името на осомничениот не е објавено.

Обвинет е дека дал 12.000 австралиски долари (8.300 евра) на граѓанин на САД кој заминал да се бори во Сирија во редовите на џихадистите. Австралиските власти сметаат дека тој можел да достави и дополнителни средства за исламистичка кауза.

Проценките на разузнавањето на Австралија се дека околу 60 луѓе од Австралија се борат во редовите на џихадистите во Ирак и Сирија. Стотина други од таа држава даваат активна поддршка на радикалните сунитски движења.