Австралија: Закани за поставени бомби во неколку училишта

Учениците и вработените во неколку основни и средни училишта во Австралија беа еавкуирани денеска по добиентите телефонски закани за поставени бомби во објектите, јави ДПА, пренесе МИА.

Австралиските власти соопштија дека станува збор за училишта во сојузните држави Викторија и Нов Јужен Велс.

Според полицијата, во сите случаи на упатени закани станувало збор за телефонски јавувања во кои компјутерски генериран глас тврди дека во соодветното училиште е оставен ранец со бомба.

Полицијата засега нема информации кој би можел да стои зад ова масовно упатување бомбашки закани.

Инаку, во Австралија денеска е првиот училишен ден по летниот распуст.