Свет

Австралија започна со воздушни удари на ИД во Ирак

Австралија започна со воздушни удари на ИД во Ирак

Борбен авион на австралиската авијација го изведе првиот воздушен удар на Исламската држава во Ирак, соопшти австралиското министерство за одбрана додека коалицијата предводена од САД учествува во кампања на жестоко бомбардирање за да ги ослаби бунтовниците.

“F/A-18F Super Hornet фрли две бомби врз ИД”, соопштија од министерството, додавајќи дека авион е веќе вратен во базата.

САД со помош на арапските сојузници веќе две недели ја бомбардира ИД, а целите се во Сририја и Ирак.

Минатата недела австралискиот премиер Тони Абот најави дека Австралија, членка на меѓународната коалиција во Ирак ќе ги испрати своите специјални сили и дека од воздух ќе учествува.