Австралиската полиција уапси момче кое планирало терористички напади

Шеснаесетгодишното момче било уапсено во близина на својот дом во Сиднеј вчера и денеска ќе се јави пред суд за малолетници, соопшти полицијата.

Максималната пресуда по покренатите обвиненија е доживотен затвор.

„Денот на Анзак“ се слави секоја година на 25 април во Австралија, Нов Зеланд и други пацифички држави.

Toa e годишнината од кампањата на австралиските и новозеландските армиски единици кај Галиполи, наречени Анзак за време на Првата светска војна. Многу австралиски и новозеландски војници учествуваа во судирите при што загинаа.

Австралија и Нов Зеланд се единствените земји, кои како национален празник одбележуваат една голема воена загуба – почетокот на крвава и неуспешна кампања против Турската империја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.