Австрија бара да се изготви петгодишен план за Грција

Австрискиот канцелар Вернер Фајман да биде подготвен петгодишен план за Грција, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне“.

– Таквиот план може да доведе до стабилност на подолг рок отколку краткорочниот договор со меѓународните кредитори. На тој треба да се спречи Грција да се ниша од една опасност – од банкрот кон другата – излез на Грција од еврозоната – посочи Фајман.

Тој додаде дека таквиот план има поддршка од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и од грчката Влада.

Фајман посочи дека за планот ќе разговара следната недела во Атина.