Австрија и одржа ракометна лекција на Чешка

Ракометната репрезентација на Австрија и одржа лекција на фаворизираната Чешка на отварањето на Европското првенство во Данска. Австријците во првиот натпревар од А – група ја совладаа Чешка со 30:20.

Чесите беа рамноправен противник само во првите 15 минути од првото полувреме кога избраниците на селекторот Јохансон успеаја да направија предност од четири голови која ја одржат до крајот на првото полувреме (14:9)

Во вториот дел Австрија само го зголемуваше водството и на пет минути до крајот имаше двоцифрена предност од десет голови (27:17), која успеаја да ја одржат до крајот на натпреварот.

Најдобриот играч на Чешка, Филип Јиха не се прослави многу на овој натпревар, постигна 6 голови, беше најефикасен во својот тим, но имаше и многу избрзани шутеви кои завршуваа крај голот на противникот. Во таборот на Австрија најефикасен беше Вебер со 7 голови.

Во Б – група Исланд ја совлада Норвешкас со 31:25, додека Шпанија славеше над Унгарија со 29:23

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.