Австрија: Забранет влез за мигранти на базен

Управата на градскиот базен во Медлинг, во близина на Виена го забрани влезот за мигрантите, пренесуваат денес австриските медиуми, јавува „Танјуг“.

Упатството што на влезот на базенот го закачил шефот на базенот Роберт Мајер и член на Народната партија на Австрија укажува дека лицата со мигрантско потекло несмејат да влезат во базенот сами, туку само во придружба на некое друго лице.

Социјалистичката младина веднаш реагираше на ова и праша: Ако сум Ариевец дали смејам да влезам во базенот во Медлинг или Колку темна смее да биде бојата на мојата кожа за персоналот на базенот да ме пушти да влезам.

Директорот на базенот појаснил дека со зборовите „луѓе од мигрантско потекло“ пред се се мисли на малолетните бегалци.

Според неговите зборови, вработените неможат да пуштаат бегалци тинејџери затоа што не го познаваат добро германскиот јазик и исто така неможат да им ги објаснат правилата.

-Тие луѓе, како што додал, ги малтретираат вработените, но влегуваат и во соблекувалните за жени и во базенот ја носат истата облека што ја користат и на улица.

Исто така, како што вели тој, бегалците се обиделе да ги оштетат автоматите. Мајер додава дека има доверба во своите вработени и дека тие правилно ќе ја извршат неговата наредба.

На социјалните мрежи ова писмо наиде на остра критика, а голем број Австријци со странско потекло се прашуваат дали може да одат на базен или поради нивното потекло или изгледот ќе им биде оневозможено да пливаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.