Австрија: Откриени 42 мигранти во камион ладилник

Откриени мигранти во камион ладилник во Австрија. Станува збор за вкупно 42 лица, меѓу кои пет жени и осум деца што биле најдени во камион ладилник на автопат во близина на границата со Германија.

На автопатот А8  биле откриени мигранти од Сирија и други земји од регионот, кои биле скриени во камион – ладилник.

Откриени мигранти во камион ладилник
Откриени мигранти во камион ладилник

Двајцата превозници – ирачки државјани се приведени, се вели во соопштението на полицијата.

Камионот со финска регистрација им бил сомнителен на полицајците, поради што го провериле на паркинг крај патот, во близина на населеното место Ајстерхајм.

Возилото било наменето за превоз на цвеќе, но во него биле затворени 42 бегалци, вклучувајќи и пет жени и осум деца. Сите се во добра здравствена состојба и биле однесени во полицијата во Линц.

Нивното државјанство сеуште се утврдува, но најверојатно станува збор за државјани на Сирија и Ирак.

 

Инаку, минатиот месец во напуштен камион ладилник на автопат во Австрија беа пронајдени 71 безживотно тело на бегалци. Повеќе за ова на следниот линк.