Австрија почна со депортација на одбиените баратели на азил

Австрија почна да ги депортира одбиените баратели на азил со воен транспортен авион „Herkules C-130 “. Со првиот лет во Бугарија се пренесени 11 лица.

Инаку ова е прв пат в ојската да спроведе ваква депортација на барање на Министерството за внатрешни работи.

Министерството за одбрана наведе дека трошоците за овој лет, во кој присуствувале преведувачи, лекари и обезбедување, изнесувале 10.740 евра.

Во 2016-тата година бројот на доброволно напуштање на Австрија од страна на одбиените азилобаратели скокна за дури 24 отсто, пишува Танјуг. Дури две третини од 5.163 одбиени баратели доброволно ја напуштиле Австрија.

Меѓу нив, најмногу има Ирачани (1.015), Авганистанци (583) и Ирачани (445).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.