Австрија: Преговори за ограничување на влезот на мигранти во земјата

Словенечкиот премиер Миро Церар во четвртокот за неговите предлози за контрола на мигрантскиот тек разговараше со германската канцеларка ангела Меркел во Берлин. Тој најави дека ќе ги претстави неговите предлози денес пред сите лидери на Европската Унија.

Анкета: Австријците против понатамошно прифаќање бегалци

Мнозинство Австријци сакаат целосна забрана за прием на бегалци, се вели во резултати од анкета направена по нападите врз жени за време на новогодишната ноќ во Германија и во Австрија, пренесува МИА.

Дури 76 отсто Австријанци сметаат дека треба да се затворат границите за бегалци, укажува анкетата објавена од весникот Естерајх.

Анкета: Австријците против понатамошно прифаќање бегалци
Анкета: Австријците против понатамошно прифаќање бегалци

Четириесет и осум отсто анкетирани сметаат дека треба веднаш да се забрани прием на бегалци додека 28 отсто се со став дека во државата може да влезат само уште 20.000 нови азиланти.

Анкетата покажува дека 75 отсто Австријанци сметаат дека државата е преоптоварена со бегалци и поради тоа, 76 отсто бараат горна граница за прифаќање подносители на молби за азил. Австриските власти оваа година очекуваат околу 120.000 подносители на молби за добивање азил.