Австрија воведе нова категорија на Криминал: Азил и бегалско сместување

Министерството за внатрешни работи на Австрија од годинава воведе нова категорија во својата статистика за кривични дела – кривични дела во капацитетите за сместување на бегалци, денес беше пренесено во австрискиот парламент.

Министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер наведе дека е воведена нова категорија – азил и бегалско сместување, каде ќе бидат внесени кривичните дела сторени во институциите за сместување бегалци, пренесува „Танјуг“.

Таа, одговарајќи на пратенички прашања во австрискиот парламент рече дека не постојат податоци за користење на симболи на Исламска држава и пароли како и за сексуални напади или силувања во бегалските капацитети.

Како што појасни кривичните дела статистички се опфаќаат само по окрузи, а не по институции.

Во иднина ќе биде воведена нова категорија, додаде таа, истакнувајќи дека пред сојузните институции за сместување бегалци се засилени полициските патроли.

Што се однесува до фалсификуваните документи и пасоши тоа кривични дело, според нејзините зборови пред се се однесува на бегалците и барателите на азил.

Микл – Лајтнер наведе дека заклучно до 1-ви декември минатата година, 68 лица со австриско државјанство се приклучиле на Исламска држава во Ирак и Сирија. Од нив 21 лице се вратиле во Австрија, а за исчезнатите борци нема податоци, па постојат назнаки дека 13 лица се убиени на боиштата.

Вкупно, според нејзините податоци, 37 државјани на Австрија се наоѓаат на боиштата.