Австрија: За десет пати зголемен бројот на сириски мигранти

Бројот на Сиријци кои ги уапсила полицијата во Австрија минатата година, во споредба со 2013 година, е десет пати поголем, се вели во извештај на Криминалистичката служба на Австрија, пренесува МИА.

До 12.000 евра мора да плати еден Сириец за да биде префрлен од својата држава илегално до Австрија, а едно семејство „чини“ најмалку 30 илјади евра.

И покрај големите суми, лани полицијата уапсила 9.083 лица од Сирија кои илегално влегле во Австрија. Во 2013 година таа цифра била – 847.

Вкупно, полицијата лани успеала да открие 34.070 илегалци што е пораст за 24 отсто во споредба со 2013 година. Покрај Сиријци, зголемен е и бројот на илегалци од Ирак, Сомалија, Еритреја, Косово. Намален е бројот на илегалци од Пакистан, Руска Федерација, Индија, Алжир и Мароко.