среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 17

Австрија законски ја забрани облеката што го прекрива лицето и ширење на Куранот

Европскиот суд за човекови права (CEDH) ја потврди во јули 2014 година забраната за носење бурка на јавните простори, која беше усвоена во Франција во 2010 година, оценувајќи дека таа не ја крши слободата на вероисповед

Поврзани вести

Во австрискиот парламент во вторникот е изгласан закон со кој се забранува носење делови од облеката во јавноста со коишто целосно се прекрива лицето, а прекршителите на овој прпис од октомври годинава ќе може парично да бидат казнувани со сума од 150 евра.

Изгласаните законски одредби се дел од поопсежниот закон за интеграција, на којшто австриската влада продолжува да работи, и покрај тоа што за октомври се најавени вонредни парламентарни избори.

Меѓу другото, во овој законски пакет се усвоени одредби со коишто се забранува и дистрибуирање на светата муслиманска книга Куранот, а имигрантите се обврзани една година да учествуваат во интеграциски процес во текот на којшто ќе го учат германскиот јазик и етика. Оваа мерка е насочена на бегалците и барателите на азил, за коишто постои процена дека имаат добри можности за останување во Австрија.

Од барателите на азил, исто така, се очекува подготвеност на волонтерски ангажман за јавното добро, а оние коишто тоа ќе го одбијат автоматски ќе ги загубат стекнатите повластици. Со овој законски предлог миграните треба да се направат посакувани работници кај австриските работодавачи.

Европскиот суд за човекови права (CEDH) ја потврди во јули 2014 година забраната за носење бурка на јавните простори, која беше усвоена во Франција во 2010 година, оценувајќи дека таа не ја крши слободата на вероисповед. Таа забрана, чиешто непочитување се казнува со 250 евра, исто така, е усвоена во Белгија. Во Бугарија и во некои швајцарски региони. На 12-ти октомври 2010 година во Франција, како прва европска земја, беше донесен а на 11-ти април 2011 година стапи на сила законот за забрана на носење на јавни места и на улици облека којашто претставува „целосен превез”, меѓу кои иранската паранџа, арапските никаб и бурка, прифатени и од пакистанските и авганистанските жени.

Сите видови на оваа исламска облека речиси целосно го покриваат телото на жената, а бурката дури го прекрива и целото лицето. Според законот, на жените за носењето ваков вид облека им се заканува казна од 150 евра и не смеат во таква облека да се појавуваат на улици, паркови, плажи, во продавници, ресторани, театри, железничките станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски сали и во јавниот транспорт.

Законот за забрана на јавни места носење муслиманска традиционална облека за жени, бурка и никаб, со кои целосно се прикрива лицето, стапи на сила и во Белгија 23-ти јули 2011 година. За прекршување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.

Германската покраина Есен, со која управуваат христијанските демократи на Ангела Меркел, на почетокот од февруари 2011 годинава стана прв регион во земјата каде жените вработени во јавниот сектор нема да смеат да носат бурки. Одлуката беше донесена откако една локална учителка побарала од нејзиното училиште да ѝ дозволи да носи бурка на наставата по враќањето од породилното отсуство. Таа пред тоа не го носела традиционалниот муслимански вел.

Најчитани вести