Австрија заострува контрола на јужната граница

Австрија заострува контрола на јужната граница
Австрија заострува контрола на јужната граница

Поради одлуката на Унгарија да ја затвори границата со Хрватска, австриските власти презедоа мерки во очекување бран бегалци на својата јужна граница.

На границата на австрија кон Словенија во покраините Корушка и Штаерска, заострени се од ноќеска граничните контроли.

За да се изврши засилен надзор, Министерството за внатрешни работи на Австрија ја повика армијата на помош. Повеќе од 300 војници од 7 и 6 бригада на специјалната единица како и од 4 оклопна бригада се спавени во приправна состојба и од денеска ќе извршуваат должност во Корушка и Штаерска.

Со тоа се зголемува бројот на војници на задачи за асистенција на полицијата на околу 1.450, јавуваат австриски медиуми.