четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Австријците сакаат да се затворат границите за бегалци

Анкетата покажува дека 75 отсто Австријците сметаат дека државата е преоптоварена со бегалци и поради тоа, 76 отсто бараат горна граница за прифаќање подносители на молби за азил.

Поврзани вести

Мнозинство Австријци сакаат целосна забрана за прием на бегалци, се вели во резултати од анкета направена по нападите врз жени за време на новогодишната ноќ во Германија и во Австрија.

Дури 76 отсто Австријци сметаат дека треба да се затворат границите за бегалци, укажува анкетата објавена од весникот Естерајх.

Четириесет и осум отсто анкетирани сметаат дека треба веднаш да се забрани прием на бегалци додека 28 отсто се со став дека во државата може да влезат само уште 20.000 нови азиланти.

Анкетата покажува дека 75 отсто Австријците сметаат дека државата е преоптоварена со бегалци и поради тоа, 76 отсто бараат горна граница за прифаќање подносители на молби за азил. Властите во Австрија оваа година очекуваат околу 120.000 подносители на молби за добивање азил.

Најчитани вести