Австријците добија закани за киднапирање во Сочи

На два дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, австрискиот олимписки тим се соочи со првите проблеми од безбедносна природа. Австрискиот Олимписки Комитет доби писма со закани за киднапирање на дел од своите натпреварувачи, во кои се потенцирани имињата на алпската скијачка Марлиз Шилд и натпреварувачката во скелетон, Џанин Флок.

Претседателот на Австрискиот олиимписки комитет Петер Менел, за австрикиот весник „Кроне“ откри дека заканувачките писма доаѓаат од Русија, а побара од организаторите на Игрите да се погрижат за максимална безбеност на спортистите од оваа земја.