Австријците стравуваат од ширење на ебола во нивната земја

Истражувањето на институтот „Маркет“ покажува дека Австријците стравуват дека еболата може да се прошири во нивната земја.

Според истражувањето дури 61 отсто од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови на сообраќај.

Десет отсто од Австријците се уверени дека еболата ќе се прошири во земјата, благодарение на меѓународниот сообраќај, а 51 отсто сметаат дека има големи шанси тоа да се случи.

Триесет и седум отсто сметаат дека е невозможно ебоата да се прошири во Австрија.

Доколку дојде до појава на ебола 70 проценти од Австријците имат доверба во домашниот здравствен систем, кога е во прашање борбата против оваа болест.