Австриската полиција апси лажни питачи во Салцбург

Порталот Tz.de пишува дека во Салцбург, Австрија е откриена група измамници, кои глумат дека се питачи а месечно заработуваат по 2000 евра.

Од страна на полициските службеници биле шпионирани 11 питачи кои преку ден глумеле лица со инвалидитет, а по завршетокот на работно време ги фрлале бастумите и инвалидските колички се качувале во своите автомобили, го земале Ајфонот во рака и оделе на пијалок со пријателите.

За разлика од останатите европски градови, Салцбург е омилена дестинација за лажните питачи бидејќи тука ваквиот бизнис е попрофитабилен.

-Сигурно дека има питачи кои принудени од сиромаштијата молат за корка леб и некој денар. Сепак, се повеќе ги има измамниците кои заработуваат на човековото сочуство и емпатија, вели Франц Руф, директор на полициската инспекција.

Според Франц, шест измамници глумеле лица со инвалидитет се со цел да провоцираат емпатија кај случајните минувачи, а петорица им помагале со тоа што ситните пари ги крупнеле во банка и ги превезувале измамниците од едно место до друго. Меѓутоа, оваа банда не мамела само во Салцбург, туку и во други европски градови. Полицијата уапсила и 52 годишен маж кој принудувал четири лица да просат и им ги земал сите пари. Тој на своите соработници им ги украл пасошите по што ги уценувал и ги терал да просат. Неговите “робови” спиеле на улица а од неа добивале само два оброка дневно. На овој начин 52 годишниот маж заработил 63 илјади евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.