Австриската тајна служба има список со сите руски шпиони во земјата

Австриската Служба за зачувување на уставниот поредок и борба против тероризмот (БВТ) ги шпионирала руските агенти, се наведува во тајниот документ на ЦИА кој пред неколку дена го објави Викиликс.

Во објавениот документ, кој меѓу останатото има и упатство за агентите на ЦИА како да се однесуваат на аеродромите и како незабележано да ги поминуваат државните граници. Пишува и за тоа дека австрискиот БВТ со списокот за следење на припадници на руските разузнавачки служби во Австрија лесно можат да ги идентификува сомнителните лица.

Меѓутоа, австриското Министерство за внатрешни работи веднаш ги демантирало овие наоди.

„Службата за зачувување на уставниот поредок и борба против тероризам никогаш не имала такви списоци“, соопштуваат од австриското МВР.