Австриски полицајци бркале покемони, го насукале службеното возило

Играчката грозница „Покемон Гоу“ очигледно ја зафатила и полицијата во виена, чиишто припадници поради оваа игра го насукале службеното возило на скали.

Една полициска патрола се движела бавно па пешачка патека, а според сведоштвата на очевидците чуварите на јавниот ред и мир гледале во екраните на нивните мобилни телефони, пренесува „Танјуг“ повикувајќи се на австриски весници.

Додека бил во потрага по покемони возачот не гледал во патот што наеднаш се стеснил по што следеле скали каде се насукало возилото.

Поради оваа невнимателност морале да интервенираат и пожарникарите кои дошле за да го спасат возилото од незгодната ситуација.