сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 29

Австрискиот канцелар Фајман поднесе оставка

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави денеска дека поднесува оставка на сите државни и партиски функции, пренесе МИА.

fajman

Поврзани вести

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави денеска дека поднесува оставка на сите државни и партиски функции, пренесе МИА.

Фајман во кусото обраќање пред новинарите изјави дека донел одлука да се повлече од лидерската функција во Социјалдемократската партија, како и од функцијата претседател на Владата.

Фајман ненадејно ја објави оваа одлука пред денешниот состанок на Претседателството на партијата.

До пред два дена изгледаше дека Фајман ќе биде сменет од лидерската функција во партијата, но според неговото однесување се доби впечаток дека тој сака да се бори да остане на таа функција. Меѓутоа по појадокот изутрината со високи партиски функционери и лидери на неколку австриски покраини, тој сепак се откажа.

Засега не е познато кој ќе го замени.

Најчитани вести