Австрискиот министер за одбрана во посета на Македонија

Сојузниот министер за одбрана и спорт на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.

По тој повод, церемонија на свечен пречек ќе се одржи во Министерството за одбрана, по што министрите за одбрана Зоран Јолевски и Доскоцил ќе имаат тет-а-тет средба.

Доскоцил ќе го посети полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.