среда, 26 април 2017  |  Вести денес: 24

Австриските власти трагаат по двојникот на Хитлер

Австриските власти ги проверуваат наводите дека во околината на родната куќа на Адолф Хитлер се појавува непознат маж, двојник на нацистичкиот злосторник, кој ги има препознатливите мустаќи, фризура и облека.

хитлер

Поврзани вести

Тој господин често го гледам во Браунау и се прашувам дали тоа е сличајно, изјави локален жител кој покажа фотографија од човекот кој личи на Хитлер.

Двојникот е на возраст од 25 до 30 години и последен пат е виден во книжарница како прелистува списание за Втората светска војна и се претставува како Харалд Хитлер.

Тој најмалку еднаш е сликан пред родната куќа на нацистичкиот лидер.

Во Австрија величењето на Хитлер е казниво дело.

Најчитани вести