петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Авто-кино во Скопје, ново место за забава на младите луѓе

nelovski

Последни вести

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски, денеска најави отворање на авто-кино во Скопје, кое има за цел да им се даде малку поинаква забава на младите луѓе во Скопје.

-Особена чест и задоволство ми е да го најавам единственото од ваков тип авто-кино коешто ќе се одржува тука на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски вечерва, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ние минатата година воспоставивме практика за еден нов начин за прикажување на филмовите, што во нашата земја не се случуваше многу често, се со цел да им дадеме на младите луѓе понуда нешто повеќе да прават во вечерните часови и да го исполнат своето слободно време, изјави Неловски.

На ова авто-кино ќе се прикажува филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“. Како што посочи тој, овој филм го одбрале за да се направи уникатен настан, потенцирајќи дека како Униија на млади сили сакаат да се грижат за културното наследство, како и за културата на Република Македонија.

Почетокот на филмот ќе биде од 20:30 часот, влезот ќе биде слободен за сите граѓани кои ќе сакаат да присуствуваат.

Најчитани вести