Во турски автобус откриени 1,5 килограми злато

При контрола на турски автобус извршена во близина на Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со злато.

Утрово, како што информираат од Царинската управа, за рутинска контрола на патниот превец Велес – Скопје, мобилен царински тим сопрел автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.

kilo-ipol-zlato-2

Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е пренапатен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, под компресорот за клима уредот, во држачот за истиот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 опаковки со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 килограми.

zlato-zapleneto

Македонски државјанин  кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово. Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.