Автобус и автомобил се судрија на патот Тетово-Гостивар

Сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Тетово Гостивар меѓу автомобил „БМВ“ со гостиварски регистарски таблички и автобус на скопска туристичка агенција.

Сообраќајката се случила во близина на наплатната рампа пред Гостивар, а во моментов полициски екипи се излезени на терен, каде во тек е извршување на увидот.

Повеќе детали околу евентуални повредени лица се очекуваат подоцна.