Автобус излета од патот Ресен – Охрид

Словенечки автобус вчеравечер излетал од регионалниот пат Ресен – Охрид, во близина на селото Свињишта.

Во моментот на незгодата во автобусот имало четири лица. За среќа повредени нема, информираат од СВР Охрид.

Извор: OhridNews.com